Автомобил удри во Бакингемската палата – уапсено едно лице

by fokus

Непознат маж рано утринава со својот автомобил удрил во портите на Бакингемската палата во Лондон.

Вооружена полиција веднаш пристигнала на местото на настанот извикувајќи „држи ги рацете на глава“, бидејќи возачот бил уапсен.

Вооружени полицајци биле забележани околу возачот кој клекнал надвор од возилото. Полицијата потврди дека маж е уапсен под сомнение дека ја оштетил Бакингемската палата.

Сведок на инцидентот, кој сакаше да остане анонимен, рече дека ја гледал сцената околу 2.30 часот откако слушнал „силен тресок“.

„Слушнав силен тресок, погледнав и автомобилот удри во Бакингемската палата“, рече тој.

Истрагата е во тек.

Поврзани новости