Филипче: Засега нема причина за заострување на мерките

by fokus

Засега нема причина за заострување на мерките, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи н новинарско прашање, дали поради вчерашната голема бројка на починати како последица на ковид-19 и присуството на британската мутација се размислува за други мерки.

„Вчера, имав средба со британската амбасадорка, разменивме искуства во однос на тоа како почнал овој силен бран во Велика Британија и какви мерки презеле. Засега сметаме дека нема потреба да остапуваме од мерките кои се сега на сила“, рече Филипче.

Поврзани новости