719
Министерот за здравство Венко Филипче информира дека во тек е подготовката за масовна вакцинација против Ковид-19 и во Охрид.
-Во тек е подготовка на спортската сала Билјанини Извори во Охрид каде наскоро ќе започне масовна имунизација на жителите од овој регион. Во салата се подготвуваат 28 вакцинални пунктови, на кои дневно е во план да се вакцинираат над 1.500 граѓани. За вакцинација во салата ангажирани се 50 медицински сестри, 10 лекари и 24 административни работници. Вакциналните пунктови ќе работи во две смени, потенцира Филипче.
Во тек е подготовка и на спортски сали за масовна вакцинација во Битола, Кавадарци, Штип, Куманово и Тетово.