Уставен поведе постапка за Законот за банки

by fokus 14:09
14:09

Уставниот суд денеска одлучи да поведе постапка за оценка на уставноста на членот 163, став 3 од Законот за банки. Ова е прва фаза и понатаму судиите ќе треба да одлучи дали овој став од членот 163 од Законот за банки е уставен или не.

-Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банките („Службен весник на Република Македонија“бр.67/2007, 90/2009, 67/2010, 26/2013, 15/2015, 153/2015, 190/2016, 7/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 101/2019), при што предлогот за донесување на решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на одредбата за која се одлучи да се поведе постапка, не беше усвоен, се наведува во соопштението на судот.

- Advertisements -

Иницијативата за оценување на уставноста ја поднесоа оштетени штедачи од Еуростандард банка, а членот 163, став 3, кој тие го оспоруваат, гласи:

„Побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители“.

Поврзани новости