Филипче: Вакцинацијата ќе почне со АстраЗенека или со кинеските вакцини

by Фокус

Масовната вакцинација на населението ќе започне или со вакцината на АстраЗенека или со кинеските вакцини, истакна министерот за здравство Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање при денешната посета на Општата болница во Кочани.

-Секојдневно сме во комуникација. Производителите се соочуваат со предизвик да ги испорачаат потребните вакцини ширум земјата. Имаме некакви најави и тие најави се за крајот на месецот, првите недели на април, но повторно, имајќи го искуството од досега, искуството од останатите земји, искуството  со Ковакс-системот, тогаш кога ќе бидеме информирани сигурно дека тргнале кон нашата земја ние тоа ќе го објавиме – изјави Филипче.

Тој оцени дека вакцинацијата на здравствените работници се одвива добро. Кога таа ќе заврши, додаде министерот, ќе има сериозно висок процент на вакцинирани здравствени работници, особено на оние што работат со ковид пациенти.

Поврзани новости