Ќе се воведат нови построги мерки ако сегашните немаат ефект

by Фокус

Спремни сме да воведеме и дополнителни рестриктивни мерки доколку сегашните не ги дадат посакуваните резултати, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Од почеток на кризата работиме отворено, транспарентно и во ниту еден момент не сме се обиделе ниту помислиле дека треба да манипулираме со било кој од фактите што произлегуваат од менаџирањето на кризата или со кој се соочуваме за време на менаџирањето на кризата. Доколку некои од бројките заостанат во текот на изминатите денови се кумулираат и во следните – два, три, четири дена се објавуваат на сите наши портали во системот на  комуникација со јавноста – рече Филипче.

Тој додаде дека очекувањата се дека после воведување на една одредена мерка резултатите ќе бидат видливи после 7 до 10 дена.

Поврзани новости