Русковска дала исказ за бегството на Мијалков, предметот го води Ристова

by Фокус

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, пред два дена давала исказ за случајот со бегството на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, во рамки на предметот во Основното јавно обвинителство.

-Знам дека колешката Ленче Ристоска го води тоа. Во четвртокот имаше исказ и од мене и од истражителите кои го лишија од слобода. Така што, за повеќе информации треба да се обратите до нејзе – рече Русковска на емисијата Стадион на Канал 77.

Таа ги повтори причините зошто не бил побаран притвор за Мијалков кога се даваа завршните зборови за предметот „Таргет-Тврдина“, во кој тој доби 12 години затвор од првостепениот суд.

-Во завршните зборови немавме законска основа да побараме притвор, затоа што Мијалков ги почитувал мерките, се јавуваше на секое рочиште. Тоа е една страна, а од друга страна доколку тогаш би побарале притвор би прејудицирале пресуда и од тие причини во тој момент немавме законска можност да побараме притвор, а кога ние побаравме во неделата, судот не му одреди притвор, туку куќен притвор затоа што имавме непотврдени информации – изјави Русковска.

Поврзани новости