Филипче: Уште тројца пациенти на Инфективната клиника се во критична состојба

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција објасни како се влошила здравствената состојба на пациентот, кој е втора жртва на опасниот корона вирус.

„Ноќеска на Клиниката за инфективни болести почина пациент заболен од корона вирус, маж на 63 години, н кој дошло до нагло влошување. на состојбата. Тој на 17 март е примен на клиниката, но синоќа во доцните часови му се влошила состојбата, направена е реанимација, но за жал пациентот почина. Нема податоци дека тој има некои коморбидет – истакна Филипче.

Тој додаде дека во изминатото деноноќие има 22 новозаразени пациенти, со што вкупната бројка достигна 136.

„Денеска се прават шест контролни бриевси, а тројца пациенти се во потешка состојба – додаде министерот за здравство.

 

 

Поврзани новости