И матичните лекари ќе одлучуваат кој ќе се тестира од корона вирус, тврди Филипче

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека од денеска се отворени и двата пунктови во поликлиниката „Јане Сандански“ и во „Ченто“.

„Секој граѓанин да се јави кај својот матичен лекар и да ги каже симптомите. Матичниот со алгоритам ќе укаже дали е потребно тестирање, односно дали пациентот е итен. Ако не е итен, тогаш се закажува по мој термин. Ќе бидат земени брисеви и ќе бидат соодветно испитани – додаде Филипче.

По добивањето на резултатите, во случај некој пациент да е заразен со коронавирус, согласно клиничката слика  ќе се оцени како ќе тече натамошното лекување односно дали ќе биде хоспитализиран на клиника или ќе биде на домашно лекување во секојдневна комуникација со медицински тим.

Поврзани новости