Филипче: Свесни сме дека епидемиолозите не можат да постигнат, затоа и ангажиравме студенти по медицина

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека поради малиот број на епидемиолози, некогаш се доцни со епидемилошките анкети.

-Свесни сме дека поради малиот број на епидемиолозите, иако работат деноноќно, не можат да постигнат со епидемилошките анкети. Но, друг проблем е што луѓето многу често не ги кажуваат точните податоци. Точно е дека се доцни со анкетите, и затоа е направено ова појачување со студенти по медицина кои ќе им помагаат на епидемилозите. А, правилото е дека луѓето и додека го чекаат резултатот од тестот, треба да бидат во изолација, не само доколку и откако добијат позитивен резултат, рече Филипче.

 

 

Поврзани новости