Јовески: Се истражуваат и други недвижности за случајот „Плацеви на Водно”

by fokus

Освен плацевите на Водно, за кои минатата недела обвинителство отвори истрага против поранешниот премиер Никола Груевски, првиот човек на Јавното обвинителство Љубомир Јовески вечерва во интервју за ТВ 24 рече дека се истражуваат и други недвижности во врска со овој предмет.

– Обвинителството презема дејствија во насока да се утврдат докази за тие недвижности и овие плацеви се замрзнати што значи е забрането нивно оттуѓување и располагање. Тоа се однесува за недвижностите во Скопје. Обвинителството истражува и други околности во врска со овој случај и ќе видиме до какви факти и податоци ќе се дојде во текот на истражната постапка, рече Јовески.

Воедно, тој збореше и за случајот „Рекет“, односно истакна дека овој судски предмет воопшто нема да влијае на случајот „Империја“.

– Немаше ниту предмет да отвориме, ако не беше пријавата. И матерјалните докази, снимките беа од сведокот и тогаш беше проценка на обвинителството кој интерес е поголем. Подобро е да се отвори тој предмет, да се утврдат фактите и да се понесе кривична одговорност на оние кои ги сториле, рече Јовески.

Поврзани новости