Филипче: Стратегијата не оди во корист на Министерството, но апсолутно е во интерес на јавното здравје

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче во гостувањето на Канал 5 рече дека стретегијата која Македонија ја користи во однос на корона вирусот сигурно не носи поени на Министерството, но е во корист на јавното здравје.

-Не можеме да споредуваме, ако знаеме дека една земја тестира само оние што имаат симптоми, а една ги тестира и контактите. Тестирање на контактите е клучно за да се контролира ширењето.
Има најави дека Србија ќе ја смени стратегијата, но не сакам да коменитирам ничиј пристап. Нашиот систем е поддржан од СЗО. Оваа политика не оди во корист на Министерството и може некој толкува дека покажува неуспех. Но, напротив. Апсолутно е во интерес на јавното здравје, зашто ги откриваме и асимптоматските случаи, вели Филипче.

Поврзани новости