884
На редовниот утрински состанок со директорите на ковид – центрите во Скопје ја разгледавме состојбата со пополнетоста на болничките капацитети. Иако во изминатите денови има благ тренд на намалување на бројот на приеми, сепак ситуацијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид – центрите е голем, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Во моментов, посочува министерот, имаме доволно слободни места за да се згрижат сите пациенти кои имаат потреба од болничко лекување.
-Очекуваме во наредниот период бројот на хоспитализации да почне да се намалува. Мерките даваат резултати, но потребно е максимално да се придржуваме до нив за да го надминеме и овој епидемиолошки бран, напиша Филипче