Прегазен малолетник во Лабуништа

by Fokus

Вчера попадне се случила сообраќајна незгода во која бил прегазен малолетен пешак од Лабуништа, при што веднаш бил хоспитализиран во Специјалната болница „Св. Еразмо“.

„На 15.04.2021 околу 18.00 часот на пат во с.Лабуништа, струшко, патничко возило „пежо“, со струшки регистарски ознаки, управувано од А.А.(24) од с.Лабуништа, удрило во малолетен пешак од истото село. По незгодата, пешакот бил пренесен во Специјалната болница „Св.Еразмо“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Струга“, велат од МВР.

Поврзани новости