Филипче: Обезбедувањето на кревети и кадар оди се потешко

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување во вестите на телевизија Сител предупреди дека со оваа динамика многу брзо ќе се исполнат и дополнителните кревети во Ковид центрите.

-Обезбедуваме кревети и кадар, но тоа оди се потешко. Спремни се дополнителни капацитети, но со оваа динамика може за кратко време и тие да се пополнат. Веќе предвидуваме места и на хируршките одделенија. Но, тоа значи дека сите доктори и сестри ќе работат со пациенти со Ковид и ќе запрат сите други прегледи и Мој термин. Обезбедувањето на кревети и кадар оди се потешко, вели Филипче.

Поврзани новости