Филипче: Нема ништо тајно во разговорите со Бугарија

by Fokus

Нема тајни разговори со Бугарија, нема никакви скриени сценарија, нема преговори за јазикот и идентитетот. Постапките на ВМРО-ДПМНЕ не ги разбирам, истакна министерот за здравство и потпретседател на СДСМ, Венко Филипче во вечерашното издание на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ била поканета во Министерството за надворешни работи што, според него, е уште еден доказ дека нема ништо тајно.

– Се е отворено и транспарентно. Ниту еден акт, ниту еден документ, ниту едно преговарање не е скриено и тоа е одлука на оваа Влада. Се е јавно и транспарентно. За Преспанскиот договор имаше референдум. Што се скри тогаш. ВМРО-ДПМНЕ треба да даде поддршка за процесите кои значат заокружување на тој долг пат кон евроинтеграциите, што го помина земјата во интерес на граѓаните, рече Филипче.

Според него, малата излезност на протестите е фијаско на политиката на ВМРО-ДПМНЕ.

– Политиката треба да биде инструмент за да се разговара, да се најде заедничко решение и да се постигне консензус. Тоа граѓаните го очекуваат од нас, рече Филипче.

Поврзани новости