Битиќи: Срамно е во 2021 година да зборуваме дали имаме вода за пиење!

by Fokus

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските сектори и инвестиции, Фатмир Битиќи во гостувањето во Топ тема на Телма, говореше за проблемите со кои се соочи нашата земја во изминатата година.

Според него, лошо е што 30 години многу работи не се промениле во сите сегменти на нашето општество.

„Кога беше најважно, ние се однесувавме неразумно. Во моментите кога требало луѓето да добијат плата, ние сме се занимавале со политика. Срам за една држава да зборуваме дали имаме вода за пиење и комунална инфраструктура во 2021 година“, истакна Битиќи.

Поврзани новости