Филипче: Монтажната болница е речиси исполнета, болни од Ковид-19 ќе се лекуваат и на другите клиники

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче, по денешниот состанок на Советот за безбедност, истакна дека целиот Клинички центар е во мобилизација, потенцирајќи дека имал состанок со директорите на сите клиники и дека сите вработени ќе работат во дополнителните капацитети.

-Со оглед на тоа што модуларната болница е скоро исполнета, на располагање се става Институтот за белодробни заболувања, Клиниката за неврологија и Клиниката за дерматологија, а дополнителни болнички легла ќе има во рамките на повеќе интерни клиники. Во рамките на другите болници секаде се ослободени интерните одделенија и целосно е ставен кадарот на располагање. Дополнителни легла се спремни и во болницата „8 Септември“, рече Филипче.

Тој апелираше да се почитуваат мерките кои се применуваат всушност во цела Европа. Тој потвди дека 56 приватни интернисти се подготвени да се вклучат во справувањето со епидемијата.

Околу дилемата дали повторно ќе се затворат границите со Косово и други држави, Филипче рече нема голем број на случаи кои значат влез на вируси од странство и дека проблемот е во локалната трансмисија, така што сите мерки се фокусирани да се спречи таа.

Поврзани новости