Корона вирус во конфекција во Неготино, нови 12 случаи во Тиквешијата

by fokus

Десет лица се регистрирани како позитивни во Кавадарци денес, едно во Неготино и едно во Демир Капија, информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци.

Помеѓу инфицираните од Кавадарци има и наставничка, која работела во друга општина, каде се преземени сите потребни мерки за заштита.

Во Неготино пак, помеѓу новоинфицираните, изминатите денови биле регистрирани случаи на вработени во приватна конфекција.

-Позитивните случаи од денес се на возраст од 34 до 69 години. Се чекаат уште резултати во тек на денот, работиме на утврдување на контакти – изјавија од центарот.

Бројот на активни случаи во Кавадарци е 187, а во Неготино 66.

Вики Клинчарова

Поврзани новости