Се зголемува бројот на заразени во Европа, црни рекорди и на Балканот

by fokus 14:13
14:13

Во Русија денеска се потврдени рекордни 17.700 новозаразени со коронавирус. Од последици на вирусот починале уште 366 лица, што е најголем број дневно од почетокот на пандемијата.

Вкупно во Русија досега се заразени 1.581.693 луѓе, а регистрирани се 26.935 смртни случаи.

Во изминатите 24 часа во Австрија е потврден нов рекорд на новозаболени – 4.453, но забележан е и најголем број на починати за еден ден – 29 лица.

Во Унгарија од последниот пресек досега починале уште 56 лица, а заразени 2.194 луѓе. Вкупно досега во земјата се регистрирани 68.127 заразени и 1.634 починати пациенти.

Словачка во изминатото деноноќие потврди 2.785 нови случаи на Ковид-19, а починале уште 16 лица. Досега во земјата се заразени 51.728 лица, а починале 200.

Во Белорусија во изминатите 24 часа се потврдени 984 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот бој за заразени е зголемен на 96.529. Властите од почетокот на пандемијата пријавиле 973 смртни случаи, од кои четири во претходното деноноќие.

Во Полска денеска се регистрирани два негативни рекорда, а тоа се 20.158 новозаразени и 301 починат. Во оваа земја вкупниот број на инфицирани достигна над 300.000.

Здравствените власти во Босна и Херцеговина денеска соопштија дека во изминатото деноноќие се регистрирани нови 1.903 случаи на зараза и 21 смртен случај.

Во Република Српска се потврдени 649 новозаболени со коронавирус и деветмина починати. Досега во РС се регистрирани 16.356 случаи на инфекција, а починале вкупно 400 пациенти.

Во изминатите 24 часа во Словенија се забележани 2.488 новозаразени, што е 34,55 отсто од тестираните, а починале осум луѓе, соопшти Министерството за здравство. Владата во Љубљана вечерва ќе одлучи за продолжување на превентивните мерки.

Билансот во Хрватска денеска изнесува 2.776 новозаразени со коронавирус и 18 смртни случаи.

Се поголем е бројот на луѓе заразени со коронавирус во светот. Моментно во светот се заболени околу 45 милиони луѓе, а починале 1.179.000.

Поврзани новости