Филипче: Идната недела ќе пристигнат 500.000 маски и 20.000 тестови

by fokus

Во текот на следната недела како донација треба да пристигнат и 500.000 маски и 20.000 тестови, реагенси за тестирање на коронавирусот. Добивме одговор од повеќе донатори, преку норвешката Влада за респираторни машини, кои ги очекуваме на почетокот на април, а следниве денови ќе добиеме дефинитивен одговор и од Амбасадата на Кина, од која побаравме донација пред неколку недели, најави министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција.

Тој рече дека од следната недела ќе има мобилните тестирања, подготовките траеле изминатите денови, денеска утре во текот на викендот ќе се селектираат уште пошироки групи согласно мислењето на епидемиолозите и тоа во подрачја, градови во кои сметаат дека тоа треба да се аплицира.

– Денеска имав состанок со американската амбасадорка Кејт Мари Брнз на која и се заблагодарив за поддршката која изминатиот период ја даваа на осовременувањето на лабораторијата во Институтот за јавно здравје и сега таа е централна институција во земјава каде се вршат сите тестирања. Нашата земја во текот на вчерашниот ден беше примена и во една голема студија за избор на најсоодветна терапија за пациенти заболени од коронавирусот, која ја води СЗО и во која се вклучени повеќе земји. Во студијата се анализираат резултатите од повеќе пристапи во лекувањето. Комбинацијата на лекови веќе се дава на пациентите на Клиниката за инфективни болести кај кои може да се даде согласно проценката на специјалистите по инфективна медицина, рече Филипче.

Посочи дека денеска почнал он лајн тренингот на здравствени работници со помош на Браунинг Универзитетот од САД, кој ќе трае четири дена, а во кој се вклучени 20 доктори, 20 медицински сестри кои се тренираат да бидат тренери за искуствата во однос на лекување на овие пациенти, кои ќе можат да го пренесат своето знаење на другите колеги.

– Денеска во болницата во Куманово престојуваше наш експерт, професор од Инфективната клиника во Скопје кој детално разговараше со лекарите од инфективното одделение и со менаџментот на болницата. Разговараше за начинот на третман и прием на пациентите, организација на работа, делот за изолација, имајќи во предвид дека тука веќе има дијагностицирани асимптоматски здравствени работници, и во текот на утрешниот ден целосно ќе биде завршена анализата и согласно тоа и стратегијата за лекување Куманово ќе биде еден од првите градови во кои ќе се зголеми бројот на тестирања по мобилен пат кои што ги најавив претходно и ќе почне на почеток на следната недела, додаде Филипче.

Поврзани новости