Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче на својот профил на Фејсбук напиша дека најновите индикатори за земјава се повеќе од загрижувачки.
„Денес ги добив најновите економски индикатори – и тие не се само загрижувачки, туку навистина алармантни. На денешната прес-конференција во 12:00 часот ќе ги објавам, граѓаните да ја знаат вистинската состојба со економијата. Бројките се фрапантни и јасно укажуваат на сериозни ризици за буџетот и економската стабилност на државата„ пишува Филипче на ФБ.
Темата на прес-конференцијата ќе биде моменталната состојба на економијата и можните мерки што ќе се преземат за стабилизирање на финансиските текови. Филипче најави дека јавноста заслужува да ја знае вистинската слика за економските движења и нивното влијание врз граѓаните и стопанството.