2
МВР информира дека синоќа во 20:30 часот на ул. „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Г.С.(40) од Тетово.
Според пријавеното, околу 18:20 часот во угостителски објект во Тетово, тој со закана со остар предмет ѝ го одзел паричникот на Ш.М.(55) од Тетово.
Кај него бил пронајден и одземен нож на расклопување и бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
Утрината, пак, во 10:15 часот во СВР Скопје, А.Ш.(47) од Скопје пријави дека на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со употреба на физичка сила ѝ ја одзело чантата со пари и документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.