(ВИДЕО) Трамп се обиде да објасни зошто Путин го нарече пријател

by irena 15:25
15:25

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција, се обиде да објасни зошто минатата недела го нарече рускиот претседател Владимир Путин свој пријател, додека вчера, преку својата социјална мрежа „Truth Social“, се осврна на руската воена агресија и побара од него таа да престане.

Новинар го праша како да се усогласат овие две пораки, на што Трамп одговори дека треба да се кажат и двете, но дека неговата главна цел е да постигне договор и да ја запре војната во која, како што наведе, секој месец загинуваат 25.000 луѓе.

„Би можел да кажам дека тој не ми е пријател или нешто слично. Сакам да постигнам договор. Морам да постигнам договор. Би можел да настапам и да речам: ’Не ми се допаѓаш‘, но тогаш ќе го имаме истиот проблем што го имаме со Зеленски и Путин. Најголемиот проблем за постигнување договор е тоа што имате двајца лидери кои навистина се мразат еден со друг“, рече Трамп.

Тој додаде дека го познава Путин долго време и дека добро се согласува со него, притоа повторно спомнувајќи ја истрагата за руското мешање во американските избори во 2016 година.

„Не заборавајте дека тој мораше да помине низ лажната истрага за Русија, која беше измислена и претставуваше целосна измама. Тој мораше да помине низ тоа и да слуша работи за кои се покажа дека се целосно невистинити. Имавме многу добар разговор. Суштината е дека тој сака да постигне договор“, изјави Трамп.

Слични вести