Орбан основаше институт за обединување на патриотските сили ширум светот

by irena 15:15
15:15

Унгарскиот премиер Виктор Орбан основаше нов меѓународен институт со цел да ги обедини политичарите со слични ставови, кои се залагаат за национален суверенитет и традиционални вредности.

Орбан, заедно со Балаж Орбан – со кого не е во роднинска врска, а кој беше негов политички директор додека тој беше премиер – ја основаше меѓународната фондација „Pro Patria“ („За татковината“).

Во објава на мрежата „X“, Балаж Орбан напиша дека примарната мисија на овој меѓународен истражувачки институт ќе биде зајакнување на меѓународната соработка меѓу патриотските сили.

„Институтот ќе ги обедини мислителите и организациите ширум светот кои се посветени на националниот суверенитет и традиционалните вредности; тој ќе се потпира на искуството на Унгарија во управувањето со државата и ќе им пружа поддршка на младите таленти за да постигнат успех на меѓународната сцена“, напиша Балаж Орбан.

Тој додаде дека една од важните задачи на институтот во првите години од неговото работење ќе биде „организирање и давање поддршка на отпорот против либералниот авторитарен режим во Унгарија“.

„И покрај одлуката на унгарската влада – донесена на барање на Брисел – да ги национализира и затвори истражувачките институти кои во последните години се стекнаа со меѓународно признание, ние нема да дозволиме да нè замолчат“, напиша Балаж Орбан.

Тој изјави за медиумите во Брисел дека институтот ќе има „присуство“ во Брисел, но нема да отвора канцеларија.

„Сакаме да ја поттикнеме дискусијата за институционалните реформи во ЕУ“, рече Балаж Орбан.

Слични вести