429
Фудбалската федерација на Македонија излезе со препорака до навивачите на квалификацискиот натпревар за СП „Русија 2018“ вечерва против Италија на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
„Имајќи предвид дека интересот за овој натпревар е голем и се очекува голем број навивачи, а во интерес да не се создаде несакан метеж пред влезовите на стадионот се замолуваат сите симпатизери порано да дојдат на стадион и да ги заземат своите места, соопштуваат од ФФМ.
Вратите на арената ќе бидат отворени од 18,45, а ќе бидат затворени 15 минути пред почетокот на натпреварот, кој е закажан од 20,45, информира ФФМ.