Фотографија на бугарска амбасадорка растури на Интернет

by fokus

Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Бугарија во Белгија и Луксембург Маја Добрева предизвика голем интерес на Интернет, откако  се појави фотографија од средбата со Великиот војвода Анри.

На 28 септември Добрева го посетила дворецот во Луксембург, за да ги предаде своите акредитивни писма. Двајцата разговарале за развојот на билатералните односи, зајакнувањето на економските контакти и културната размена меѓу двете земји и коментирале разни актуелни теми.

Фотографијата добива сè поголема популарност на социјалните мрежи.

Поврзани новости