Златко Ориѓански му објасни на Илија Димовски зошто ќе оди на марш на 11 Октомври

by fokus 11:20
11:20

Златко Ориѓански ќе биде дел од опозицискиот марш закажан за 11 октомври, Денот на македонското анти-фашистичко востание.

Тој на Фејсбук му се обрати на пратеникот Илија Димовски и му објасни зошто решил да биде дел од опозицискиот марш:

- Advertisements -

„Зошто и за кого? Заради мојот покоен татко Дојчин и мајка ми Славка, чесни, обични работници, бескрајно верни на оваа земја, дојдени од демирхисарско во Скопје, заради Вања Лазарова и нејзиниот маж Душко, исто такви, обични чесни луѓе и заради себе. Но пред да излезам, те повикувам, заедно да појдеме во банките и да видиме кој од нас двајца, колку и заради што заработил изминативе 10 години. Да видиме која беше состојбата на твојата сметка пред да станеш пратеник, каква е денес. Да видиме каков имот има Златко Ориѓански кој цел живот работеше две работи, трети смени и музика и со што Илија Димовски располага. Податоците, јавно ќе ги објавиме, бива? Те чекам Илија Димовски, бујрум“, напиша Ориѓански на неговиот профил на Facebook.

 

Поврзани новости