Федерер ќе се пензионира

by Фокус

Еден од најдобрите тенисери во светот Роџер Федерер објави дека одлучил да стави крај на кариерата.

Четириесет и едногодишниот Швајцарец најави дека неговиот последен турнир ќе биде Лејвер купот.

Тој поради бројните повреди нема да може да ја продолжи кариерата.

Федерер го освои Вимблдон осум пати, Австралија Опен шест пати, УС Опен пет пати и Ролан Гарос еднаш.

Швајцарецот 310 седмици беше првиот рекет на светот.

Поврзани новости