Општината се откажа од парите за коњопои за Неготинска вечер, парите ќе одат на сметка за лекување

by fokus

На 18-ти септември, во недела, на градскиот плоштад во Неготино ќе се одржи манифестацијата Неготинска вечер, на која ќе настапат Бојана, ДНК и Црвена јабука. Планирано е вечерта на плоштадот повеќе угостителски локали да постават свои високи маси, познати како коњопој, и да служат пијалоци.

Угостителите имале средба средба со градоначалникот д-р Горан Стојанов и со претставници од општината, со цел да се утврди цена за изнајмувањето на просторот, а од Општина Неготино се откажале од средствата.

Имено, како што денес беше појаснето на вонредната седница на Советот, било договорено поставувањето да изнесува по 600 денари од коњопој, а средствата угостителите треба да ги уплатат на донаторска сметка за лекување на момче од градот. Станува збор за младиот велосипедист Јани Иванов, кој неодамна се повреди за време на својот престој во соседна Грција и му е потребно долгорочно лекување. За него и во изминатиот период се одржаа голем број на хуманитарни акции во градот.

Исто така, на седницата беше одлучено да биде продолжено работното време на локалите, во тек на Неготински панаѓур, односно од 21-ви до 23-ти септември, и наместо до еден, угостителските објекти ќе работат до три часот наутро.

Вики Клинчарова

Поврзани новости