„Неодговорно е на Милошевиќ да му се припишува уништувањето на Југославија“

by fokus

Надворешниот фактор е клучот за уништување на Југославија. Ова го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, по повод денешниот 29 ноември, кој се смета за роденден на СФРЈ.

Тој истакна дека „е важно да се слушаме дури и кога размислуваме поинаку“.

„Кога го почнавме дијалогот, сите имаа можност, како и денес, да го кажат своето мислење. Знам дека не бевме „бели ангели“, но мислам дека надворешниот фактор беше пресуден за уништувањето на Југославија. Неодговорно е се да му се припишува на Милошевиќ, изјави Вучиќ во емисијата „Хит Твит“ на ТВ Пинк.

Поврзани новости