Фатен убиец пребеган од Идризово кој им се заканувал на судии

by fokus

Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека е фатен бегалец од затворот Идризово, по кој се трагало подолго време. 39-годишниот О.М. бил осуден за издржување затворска казна во траење од 20 години. Додека бил во бегство претставувал страв и трепет за неколку судии на кои им се заканувал дека ќе ги убие.

Еден судија бил ограбен од избеганиот затвореник, откако овој провалил во неговата викендица. О.М. харал подолго време низ Куманово. Крадел возила, вршел кражби со закани под огнено оружје, а своите жртви ги врзувал пред да ги ограби.

„По низа превземени оперативни активности, вчера во 17.50 часот од страна на полициски службеници при СВР Куманово, во координација и содејство со Централните полициски служби при МВР, лоцирано и од слобода е лишено лицето О.М. До моментот на лишување од слобода, според досегашните сознанија, се сомничи дека на подрачјето на Куманово извршил десет кривични дела и тоа шест кривични дела “разбојништво“, три кривични дела “тешка кражба“ и едно дело – “одземање на моторно возило“, велат од Министерството.

Бегалецот бил осуден за кривично дело „убиство“ и “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Поврзани новости