Орбан сака да го скрие пропаднатиот политичар Груевски во Унгарија, тврди унгарска партија

by Fokus 13:32
13:32

Виктор Орбан не само што се вклучи во кампањата на поддржуваниот од Русија поранешен премиер на Македонија, Никола Груевски, туку и сака нему и на врвните луѓе до него да им овозможи прибежиште во Унгарија, што во целост е против вредностите на само на ЕУ, туку и во Унгарија, алармира Виктор Сигетвари, претседател на Националниот политички совет на „Еѓит“ (Заедно), унгарската проевропска политичка партија, пренесе Мета.

Сигетвари вели дека во последните неколку месеци владата на Орбан и неговата партија сториле сè за да ја воскреснат политичката кариера на поранешниот македонски премиер, Никола Груевски.

- Advertisements -

„Овој план, за среќа, не успеа, но унгарскиот премиер и неколку политичари учествуваа во кампањата во Македонија. Сепак, Орбан не успеа да му помогне на пропаднатиот македонски политичар, кој сакаше да го дестабилизира Балканот под руско влијание, да постигне успех на локалните избори. Никола Груевски сега, заедно со луѓето околу него, сака да најде пријателство и прибежиште во Унгарија, иако пасошот му е одземен поради обвинувања за корупција – пишува Сигетвари.

Поврзани новости