Нухиу: За време на ДУИ државјанство добија 13.000 Албанци

by Фокус

Заменик министерот за правда, Агим Нухиу, на Алсат М изјави дека за време на владеењето на ДУИ 13.000 граѓани добиле државјанство. Како што рече тој, дел од граѓаните воопшто не бараат државјанство.

-Во Македонија има граѓани кои имаат хиберни интереси за државјанство, заспани интереси, ова значи дека има граѓани кои не тропаат на вратите на Министерството за внатрешни работи, а не можеме да знаеме колку албански граѓани имаат интерес за државјанство. Постојат и категории кои не покажуваат интерес за добивање државјанство. Останатите кои побарале државјанство го добиле. Не еден, не 100, не 1.000, туку 13.000 Албанци имаат обезбедено државјанство во времето на ДУИ, во сите периоди – рече Нухиу.

Поврзани новости