Фајон: Meѓународната заедница будно го следи изборниот процес

by fokus

 Тања Фајон, пратеничката во Европскиот парламент и заменик-претседателка на групата на Прогресивна алијанса на социјалисти и демократи во парламентот е во посета на Македонија.

Таа денеска имаше средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев, но и  „интересна средба” со специјалната обвинителка Катица Јанева, за чија работа Фајон изразила целосна поддршка.

– Разговарајќи со многу луѓе во Македонија, гледам дека на оваа држава ѝ е потребна промена и подобар живот, особено за младата генерација. Гледам многу млади луѓе кои ја напуштаат државата. Гледам лоши економски односи. Гледам лоши услови во здравството. Затоа е многу потребно да се направи промена – изјави Фајон по средбите.

Европарламентарката изразила длабока надеж дека во Македонија ќе има фер, слободни и демократски избори.

Фајон вели дека меѓународната заедница, вклучувајќи ги и европските пратеници, одблизу следи што се случува во предизборниот период, но и текот на изборите.

Поврзани новости