(ВИДЕО) „Началниче, стигнавте ли до милијарда?! “

by fokus

По распитот во Специјалното јавно обвинителство, поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков беше опколен од новинарските екипи, кои колку и да сакаше, не успеа да ги избегне.

– „Началниче стигнавте ли до милијарда” , Чувствувате ли вина” – се дел од прашањата кои ги извикуваа новинарите, додека Мијалков излегуваше од просториите на СЈО.

Ексразузнавачот си замина без да одговори, ветувајќи изјава во наредна прилика. Тој денеска беше на распит и даваше изјава за случајот „Тортура” поврзан со апсењето на Љубе Бошковски, а за кој му се заканува казна од  една до пет години затвор.

Видео: Мактел.мк

Поврзани новости