Наумов: Миноски продолжува со зголемување на јавниот долг

by fokus

Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов денеска предупреди дека јавниот долг продолжува да се зголемува и во месец ноември.

-И покрај тоа што во периодот од 08.11.2016 година до 15.11.2016 година за кога е планирано ново задолжување на домашниот пазар на капитал не доспеваат долгови за враќање, Министерот за финансии на аукцијата на домашни хартии од вредност на 08.11.2016 година побарува 12.2 милиони евра. Односно јавниот долг ќе го зголеми за нови 12.2 милиони евра. Кирил Миноски продолжува и во месец ноември да ги задолжува граѓаните за нови 2 милиони евра дневно. Јавниот долг поради ова темпо на задолжување ги надмина критичните 50% од БДП, граница која ММФ препорача да не се надминува – вели Наумов.

Тој рече дека министерот за финансии јавно се обврза дека после секое ново задолжување ќе ја објавува состојбата на државните депозити, но до сега ниту еднаш го нема сторено тоа.

-Прекршувањето на законите и манипулирањето со јавноста е заштитен знак на претставниците на Владата во изминатите 10 години.Затоа за сите злоупотреби со средствата на граѓаните ќе следи одговорност-  стои во соопштението од Наумов.

Поврзани новости