Фајненшел Тајмс: Македонија размислува за промена на името за да влезе во НАТО

by Fokus

Македонија ќе ја разгледа можноста да го смени името, за да се обиде да го одблокира грчкото противење за членството во НАТО, изјавил министерот за надворешни работи Никола Димитров за „Фајненшел Тајмс“.

Тој денеска е во Брисел, а во среда ќе се сретне со својот грчки колега Никос Коѕиас.

– Ќе побарам од Грција да размисли каков вид на сосед сака – дали сакаат стабилна, пријателска земја која нуди надеж за демократија и правда. Ако сме добри соседи, тогаш се надевам дека политичките сили во Грција ќе ја искористат ова историска шанса – рекол Димитров.

Поврзани новости