Заев денеска во Брисел на средби со Могерини, Туск, Столтенберг и Хан

by Fokus

Премиерот Зоран Заев на првата официјална посета во Брисел, каде е придружуван од вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, ќе има средби со претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск, со високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на ЕК, Федерика Могерини, комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, како и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Целта на посетата е Владата да ја потврди својата целосна посветеност на интеграците во ЕУ и НАТО, како стратешка цел на земјата и да ги презентира реформските приоритети во агендата на Владата за враќање на Република Македонија на патот на евроатланските интеграции – информираат од Владата

Поврзани новости