Фајненшл Тајмс: Димитров ќе мора да ги задржи доматите уште малку

by fokus

Одлуката на Советот на министри на ЕУ да и даде условен датум за почеток на преговори со Македонија се најде и во неделниот бриг на Фајненшал Тајмс. Тиражниот британски весник оценува дека одложувањето може да го би можело да го загрози договорот со Грција за спорот околу името.

Весникот пишува дека македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров ќе треба да си ги задржи доматите до следната година, откако вети дека на сите оние кои ќе ја поддржат земјава ќе им испрати домати.

„Преговорите на Македонија околу членството во Европската унија беа одложени за 12 месеци во компромисен одраз на скептицизмот за проширувањето од Франција и Холандија. Владите на ЕУ ветија на ова прашање ќе му се посветат во јуни 2019. година – по изборите во Европскиот парламент. Македонскиот министер за надворешни работи – кој вети домати во замена за напредок – ќе мора да ги задржи уште малку“, пишува Фајненшал Тајмс.

Поврзани новости