Европски социјалисти: Иванов да не ги држи граѓаните во заложништво поради партиските интереси

by fokus

Претседателот на Европските социјалисти, Сергеј Станишев, денеска преку писмо по повика Ѓорѓе Иванов да делува за општото добро на земјата и да му го даде мандатот на Зоран Заев.

-Во парламентарна демократија на кандидатот кој има најголемо мнозинство мора да му се дозволи да формира влада во услови кога ја ужива поддршката на мнозинството пратеници. Претседателот Иванов мора да остане лојален на државата и Уставот во кој се заколнал. Тој не смее да ја држи во заложништво волјата на граѓаните само за да интересеите на неговата партија. Блокирањето на функционирањето на македонските институции не е само погрешно, туку е и опасно. Тоа може да ги потпали меѓуетничките поделби и да доведе до отворен конфликт. Го повикувам Иванов да биде одговорен и да му го додели мандатот на Зоран Заев, се вели во писмото.

Тој се осврнува и на провокациите во основните и средните училишта и повикува да престане ширење на омраза помеѓу малолетните лица.

-Актуелните напади врз пратеници на опозицијата се чин на заплашување. Ова однесување е неприфатливо. Зоран Заев и нашата партија членка СДСМ имаат сила, визија и преговарачки способности да формираат влада за сите Македонци и да продолжат напред по патот на европските интеграции, вели Станишев.

Поврзани новости