СДСМ: Иванов мора да го почитува собраниското мнозинство

by fokus

Единствениот начин да се зачува и зајакне унитарноста на државата е преку концептот на едно општество со еднакви права и обврски за сите, а тој концепт веќе победи, велат денеска од СДСМ.

-Концептот на ВМРО-ДПМНЕ за внесување раздор изгуби на 11 декември! Барањето за нови избори е само обид за продолжување на политичката криза и одложување на понесувањето одговорност за криминалите и злоупотребите. Тоа нема да се случи! Граѓаните јасно гласаа за квалитетен живот за сите, квалитетно образование и здравство за сите, за држава во служба на сите граѓани, за правда за сите и ова мора да почне да се реализира. Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора да ја почитуваат мнозинската волја на граѓаните. Ѓорге Иванов мора да ја почитува мнозинската волја преточена во 67 пратенички мандати и да го даде на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, мандатот за состав на новата реформска Влада и независни демократски институции, стои во соопштението на СДСМ.

Од партијата додаваат дека граѓаните очекуваат брз и мирен трансфер на власта во Р. Македонија и дека тоа е следниот чекор.

Поврзани новости