ВМРО-ДПМНЕ: Ја охрабруваме СДСМ да ја отфрли платформата

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ денеска порача дека чувствува обврска да ја почитува волјата на мнозинството граѓани кои гласаа за Коалицијата „За подобра Македонија“ и заради почитта кон нив и нивната стратешка определба, нема да дозволи да се донесат никакви решенија што се спротивни на државните и национални интереси.

-Се ближат локалните избори и најдобар излез од оваа криза е доколку Зоран Заев се охрабри и се согласи да ја постави платформата пред граѓаните. На ист трошок тие ќе гласаат и за локалните власти, но ќе се произнесат и околу платформата од Тирана. Доколку Зоран Заев и СДСМ имаат сомнеж дека платформата од Тирана е штетна за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува да ја отфрлат. Во таков случај би му помогнале на Зоран Заев и СДСМ да формираат влада каква што сакаат и покрај тоа што загубија на изборите. Цената ќе биде далеку помала отколку цената што ќе ја плаќаат сите идни генерации доколку не ги отфрлат уцените, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости