Eврообврзницата влезе во буџетот за 2016-та

by fokus

Собранието вчера го усвои ребалансот на буџетот за 2016-та. Пратениците од опозицијата не гласаа, бидејќи не се согласуваат со предложениот ребаланс зашто во него е содржана и еврообврзницата од 450 милиони евра која, според нив, е незаконски издадена. Тие предупредуваат и дека ребалансот е штетен и со него се стимулираат непродуктивни трошења и се зголемува јавниот долг.

Со новото прекројување на државната каса, дефицитот на буџетот е зголемен за 34 милиони евра, а економскиот раст на државата од 4 отсто е намален на 2,3 отсто.

Со ребалансот на буџетот за 2016-та години, власта ќе ги скрати капиталните инвестиции за 45 милиони евра. Трошоците за платите на администрацијата и пензиите остануваат исти,  но затоа задолжувањето на странските пазари ќе се зголеми за повеќе од 180 милиони евра.

Поврзани новости