Димова: Полицијата проба да врши притисок во мојот дом

by fokus

Пратеничката на СДСМ Лидија Димова денеска се пожали дека полициски службеници и дошле дома и барале од неа, сега да потпише записник за случај од пред еден месец.

-Во текот на целиот вчерашен ден дома доаѓал полицаец од сообраќајната полиција, да ме бара, иако цела Македонија ме гледаше во собраниските клупи во Парламентот. Синоќа во вечерни часови, во 20.30 часот, се појави повторно на врата полицаец од сообраќајната полиција кој ме извести дека морал да ми врачи на потпишување записници, замислете за наводен случај од пред 1 месец.,, И на човек кој нема никакво познавање на законите му е јасно дека е врвен апсурд да се потпишува записник за нешто што се констатира на самото место по цел 1 месец. Да не зборувам за тоа со кое право ми доаѓаат и ме вознемируваат во вечерни часови мене и семејството?! Во тоа време навечер во маалото има луѓе, како што гледате тука има и игралишта и целта е јасно, да се прави некаков филм на притисок – изјави денеска пратеничката на СДСМ, Лидија Димова.

Димова случајот го пријавила во Внатрешна контрола.

Поврзани новости