Евроголот на Нафиу недоволен, Тотенхем ја совлада Шкендија со 3-1

by Фокус

Екипата на Тотенхем ја победи тетовска Шкендија со 3:1 против во третото квалификациско коло од Лига Европа.

Клубот од Англија го диктираше натпреварот и ја имаше контролата на играта, но не прикажа којзнае колку допадлива игра на „Тодор Проески“ арената.

Гостинот поведе многу рано, уште во четвртата минута со голот на Ерик Ламела кој ја искористи асистенцијата на Сон и го совлада Захов.

Потоа речиси и да не се случуваше ништо на теренот, се до  55-тата минута кога Валмир Нафиу упати проектил кој заврши во мрежата на Џо Харт.

Радоста на тетовци не траеше многу долго затоа што  Тотенхем во 70-тата минута преку Сон ја врати предноста на своја страна, за во 79 минута Кејн да го постигне конечниот резултат.

Поврзани новости