Менкиноски: Дел од програмата на СДСМ е препишана од фашистичката партија на Мусолини

by Фокус

Програмата на СДСМ за делот на правото, насловен „Ред и дисциплина” е препишана од програмата на фашистичката партија на Бенито Мусолини, рече Тони Менкиноски, претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата на ТВ 24.

-Тој што ви ја пишувал програмата дали знаете од каде ја препишал. Познат ли ви е овој лик. Бенито Мусолини, од таму ви се преземени, дури дополнително во програмата имате флоскули од Бенито Мусолини. Ова е програмата ред и дисциплина на Бенито Мусолини и вие многу добро знаете некој кој ви ја правел програмата, дури семантички препишувал од таа програма која е фашистичка – му рече Менкиноски на министерот за правда Бојан Маричиќ.

Тој додаде дека се урива принципот на демократијата со најавената ревизија на судските пресуди изминатите 5 години, истакнувајќи дека овој процес е необјективен и нетранспарентен.

Поврзани новости