ЕУ не оправдува европско знаменце на законите за Коридорите 8 и 10Д

by Фокус

Означувањето на законите поврзани со коридорите 8 и 10д со европско знаменце не е во согласност со стандардите на ЕУ, велат од Делегацијата на Унијата во земјава.

Од таму во изјава за МИА велат дека ќе побараат дополнителни појаснувања од власта откако денеска вицепремиерот Артан Груби на прес-конференција кажа дека се донесени пет нови закони за коридорите кои ќе бидат доставени до Собранието со европско знаменце.

„Означувањето на закони со знаменце на ЕУ е насочено да помогне за забрзување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и затоа треба да има за цел усогласување на законодавството со законодавството и стандардите на ЕУ. Во конкретниот случај, се чини дека нацрт-законот не се однесува на усогласување со таквите стандарди. Ја изразивме нашата загриженост до националните власти и бараме дополнителни појаснувања“, велат од Делегацијата.

Поврзани новости