ЕУ, НАТО, САД и ОБСЕ со најостра осуда за организираниот напад врз Собранието

by fokus

Нападот врз државна институција која е во срцето на демократијата е напад врз самата демократија, порачуваат заеднички претставниците на ЕУ, САД, НАТО и ОБСЕ во Македонија.

Првите луѓе на Делегацијата на ЕУ, Американската амбасада, Мисијата на ОБСЕ и на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, вчера одржале заеднички состанок на кој ја разгледале безбедносната ситуација во земјата по сериозните инциденти во македонскиот парламент.

Во заедничката изјава објавена денеска тие, како што велат, најстрого го осудуваат организираниот напад врз Собранието на 27 април.

Истотака се изразува сериозна загриженост поради тоа што властите не успеале да го спречат тој напад  и не ја овозможиле неопходната безбедност на пратениците и на присутните новинари:

„Нападот врз државна институција која е во срцето на демократијата е напад врз самата демократија“, се вели уште во заедничката изјава.

Поврзани новости