Пожар избил вчера во Министерството за одбрана

by fokus

Во објектот на Министерството за одбрана и Генералштабот вчера, околу 17 часот, избувнал пожар. Од МВР информираат дека во пожарот немало повредени, туку само била предизвикана материјална штета.

-На 28.04.2017 година околу 17,00 часот во ЕИК-Скопје било пријавено дека на ул.„Орце Николов“ поточно во објектот на Министерство за Одбрана и Генералштабот на АРМ, поради дефект во електрична инсталација во зградата настанал пожар, при што бил зафатен и дел од покривната конструкција. Пожарот бил изгаснат од екипа на БППЗ. Повредени лица нема, а материјална штета дополнително ќе биде утврдена, се вели во дневниот билтен на МВР,

Поврзани новости